Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон во говорот на безбедносната конференција во Минхен покажал прагматичен пристап кога станува збор за дијалогот со Москва.
       
– Ова се некои предлози од Франција кои покажуваат вистинска политичка и геополитичка мудрост, прагматизам и желба за дијалог. Тој повика да се прифати реалноста. Русија постои и Русија влијае на многу процеси во светот. Русија е близу до Европа – рече Лавров пред новинарите.
        
Според неговите зборови, 99 отстоод дискусиите на конференцијата во Минхен се фокусирале на пронаоѓање на виновникот.
        
– Имајќи го тоа предвид, говорот на Макрон беше апсолутно мудар, трезвен и имаше за цел да се изнајде решение, а не обид да се пронајде некој кој ќе се обвини и така да се оправда сопствената пасивност – рече Лавров.