Во помошна просторија во дворот од својата куќа во Кратово, во вечерните часови на 12 февруари, починати биле пронајдени 67-годишен кратовец и неговата 66-годишна сопруга.
Во куќата на улица „Глигор Пазавански“ бил извршен увид, а лекарите констатирале смрт без траги на насилство.
По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.