Европската Унија го отфрли мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток и изрази загриженост во врска со намерата на Израел да им одземе уште територија на Палестинците.
Планот на Трамп, објавен минатата недела, предвидува формирање држава Палестина, но не ги задоволува ни минималните барања на Палестинците, а голем дел од окупираните територии на Западниот Брег би останале со Израел.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел во изјавата рече дека Унијата сè уште инсистира на формирање на две држави со граница што постоело до 1967 година, оставајќи простор Израел и независната и суверена држава Палестина евентуално да се договорат за размена на територии.
Според Борел, планот на Трамп отстапува од овие меѓународно договорени параметри.
– За да се постигне праведен и траен мир, прашањето за конечен статус мора да се реши преку директни разговори меѓу двете страни, што вклучува договори за границата, статусот на Ерусалим и прашањето за бегалците – рече Бореj.
Планот на Трамп веднаш беше поздравен и пофален од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, но го отфрли палестинскиот претседател Махмуид Абас како „безначаен“, а истото го сторија и арапските држави од Персискиот Залив.