Министрите за надворешни работи на Русија и Кина, Сергеј Лавров и Ванг Ји, разговараа по телефон за заеднички напори на двете земји во борбата против епидемијата на коронавирусот, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Како што се додава во соопштението, руската страна ги пофалила мерките кои ги презеде Кина во борбата против ширењето на болеста, која ја предизвикува коронавирусот.
– Тие разговарале за руско-кинеска соработка на тоа поле – се додава во соопштението.
Кинескиот премиер Ли Кечијанг разговараше и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и побара помош во лекови поради коронавирусот. Тој нагласи дека се надева дека ќе може да купи залиха од лекови од ЕК, преку комерцијални канали.