Министерот за безбедност на БиХ, Драган Мектиќ изјави денеска дека минатиот викенд во државата влегле поголем број мигранти – повеќе од 350 и тоа преку нова рута која властите се уште не успеале да ја откријат.
– Во викендот имавме зголемен број незаконски мигранти кои влегоа во БиХ. Некаде успеале да направат рута што се уште не е идентификувана – изјави Мектиќ.
Од почетокот на годината во БиХ до сега се регистрирани 5.664 мигранти од кои 5.065 побарале азил, а 437 не поднеле барање за азил.
Мектиќ рече дека утре ќе се одржи состанок со претставници од сите држави од Западен Балкан погодени од мигратската криза за да се пронајдат решенија и начини за запирање на миграцијата.
– На ниту еден мигрант досега во БиХ не му е одобрен азил – изјави Мектиќ.