Адвокатите на Хари и Меган тврдат дека фотографии на кои Меган е сликана за време на прошетка низ парк во Ванкувер, што кружат на Интернет, се направени без согласност на нивните клиенти, пренесуваат светските медиуми.
Двојката објави забрана за нивно фотографирање, бидејќи постојано се вознемирувани од парапараците, додека се обидуваат да започнат нов живот во Канада.
Папараците кампуваат пред нивниот дом во Ванкувер, а забраната е издадена откако во медиумите беа објавени слики од Меган на кои се гледа како шета во јавен парк. Војвотката се смее на фотографиите додека шета со својот син Арчи и нивните две кучиња.
Адвокатите на парот тврдат дека фотографиите се направени без нејзина согласност и дека фотографот се криел во грмушките и ја шпионирал, а тоа се случило неколку дена откако Хари и Меган постигнале договор да се дистанцираат од кралското семејство.
Меѓутоа на социјалните мрежи воглавно се коментира начинот на кој Меган го држи своето бебе, наидувајќи на критики од јавноста.