Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Порторико, соопшти Американскиот сеизмолошки завод.
Како што се наведува, епицентарот бил на 14 километри југоисточно од Гуаника.
Се уште нема информации за повредени лица или предизвикана материјална штета, пренесе „Ројтерс“.