Белгискиот суд донесе одлука да го суспендира издавањето потерница и постапката за ектрадиција на поранешниот каталонски лидер, Карлес Пучдемон, во Шпанија, врз основа на неговиот политички имунитет како пратеник во Европскиот парламент.
Суспендирана е и потерницата по Антонио Комин, политичар кој беше поборник за независност на Каталонија.
– Белгискиот судија го призна нашиот имунитет и одлучи да го суспендира издавањето потерница и налозите за ектрадиција – напиша Пучдемон на Твитер.
Шпанските власти го осудија Пучдемон за бунт поради неговата улога во организирањето референдум за независност на Каталонија во 2017 година, кој во Шпанија беше прогласен за незаконски.