Албанскиот премиер Еди Рама, кој присуствуваше на Саемот за вработување во Елбасан, на присигнување беше пречекан со протест.
Граѓани и симпатизери на опозицикста Демократска партија, држеа транспаренти во рацете против владата на Рама. На транспарентите пишуваше „Долу пашалаци на криминалот“, „Добре дојде паша на дрогата„…
Во близина и пред објектот каде се одржуваше Саемот имаше засилено присуство на полицијата.
Претходно и во градот Церик,Рама беше пречекан со протест каде насобраните извикуваа „Срам, срам“ „Рама оди си“.
Во реакцијата на опозициската Семократска партија, се наведува дека е цинично да се одржува саем за вработување во Елбасан, град со најголема стапка на невработеност. За демократите неприфатливо е „мајтапењето“ на Рама со жителите на Елбасан.
Со сличен протест вчера во Тирана пред министерството беше пречекан и првиот полицаец Фатмир Џафај.