Мандатарот за состав на новата австриска влада, лидерот на Народната партија (ОВП), Себастијан Курц и лидерот на Зелените, Вернер Коглер се пред постигнување договор за формирање коалициска влада.
Австриските медиуми јавија дека останува отворено да се договорат неколку ситници.
Според медиумите, Коглер ќе почне со кампањата за нова влада од 3 јануари со цел на конгресот на неговата партија да добие „зелено светло“ за неговиот договор за коалиција.
Собранието на Зелените е предвидено да се одржи на 6 јануари, а новата влада може да положи заклетва најдоцна до 9 јануари.