Најмалку осум луѓе загинаа во силното невреме, проследено со поплави, што ги зафати Шпанија и Португалија изминатите неколку дена. Во Андалузија настрада сурфер, еден маж се удави во Гранада обидувајќи се да ја премине реката со автомобил, а во Мадрид загина жена врз која падна дел од ѕид на зграда во центарот на градот. Во различни делови на земјата загинаа уште три лица.
Шпанската цивилна одбрана соопшти дека ветрот дувал со брзина од 140 километри на час, а брановите на северозападниот брег на Атлантикот биле високи девет метри.
Според податоците на португалската цивилна заштита, силниот ветер и обилните врнежи од дожд уриваа дрвја и предизвикаа поплави од кои е оштетена инфраструктурата.
Во Португалија, пак, загинаа две лица во невремето. Евакуирани се повеќе од 250 луѓе во централна Португалија поради зголемувањето на нивото на водата.