Ветеринарна станица од Куманово, во договор со Општина Кичево, од денес ќе започне да го решава проблемот со кучињата скитници. Одлуката за овој договор помина и на Советот на општината, а за оваа услуга ветеринарната станица ќе наплати 1.600 000 денари.

-Најпрво им се сопштува на сопствениците на кучиња, да си ги приберат своите миленици, за да не се случи и тие да го добијат истиот третман како кучињата скитници. При оваа операција над болните кучиња ќе биде извршена еутаназија, додека врз здравите ќе се изврши кастрација, за да не се наголемува нивниот број и повторно ќе бидат вратени на улица, додека агресивните кучиња ќе бидат ликвидирани. За секое поединечно куче општината ќе исплати по околу 8000 денари, а целата операција очекуваме да заврши најдоцна до крајот на оваа календарска година –истакна Бурим Кадриу од Општина Кичево.

Дали овој потег ќе ги даде вистинските резултати ќе покаже времето. Во секој случај оваа вест со одобрување е примена кај граѓаните на Кичево, кои во преходните години поминаа многу премрежија и напади од овие глутници.

З.А.