Организаторот на првиот меѓународен саем РЕНЕКСПО, преку соопштение ги повикува заинтересираните да ги проследат пропратните конференции кои ќе соберат извонредни предавачи, носители на одлуки, деловни лидери, интернационални стручњаци и производители на техничка опрема, во Конгрескиот центар на хотел „Александар Палас“ во Скопје, на 3 и на 4 декември (вторник и среда).
Саемот свечено ќе го отвори потпретседателот на Владата за економски прашања Кочо Анѓушев и германскиот амбасадор во државава Томас Герберих.
На конференциите, стручњаци од Северна Македонија, регионот и светот ќе ги представат своите трудови за планираните и спроведени проекти, кои на најдобар начин ги илустрираат најновите случувања и трендови од секторот на Енергетика, Заштита на вода и Управување со отпад.
Темите, округлите маси и дискусиите на РЕНЕКСПО саемот се многу релевантни за квалитетот на живот на граѓаните на Северна Македонија, и директно влијаат на економскиот развој на целиот регион. Големо внимание привлекува конференцијата за фотонапонски електрани и соларна енергија. Ќе бидат прикажани најновите технолошки решенија и примери на добра практика, како за големи системи така и за домаќинства и мали и средни претпријатија.
ПРОГРАМА НА КОНФЕРЕНЦИИТЕ
ВТОРНИК (3 ДЕКЕМВРИ)
Прва конференција за фотоволтаици и соларна енергија
Свечена церемонија на отворањето – Енергy Талк
Прва конференција за управување со цврст отпад – Од отпад до енергија
Прва конференција за одржливо управување со води и отпадни води
СРЕДА (4 ДЕКЕМВРИ)
Прва меѓународна конференција за биоенергија
Прва меѓународна конференција за хидроенергија