Најмалку 34 лица настрадаа во поплави настанати по обилните дождови во западна Кенија, соопшти министерот за внатрешни работи на источноафриканската земја.

Дваесет и девет лица настрадале поради одрони, а останатите пет загинале кога нивниот автомобил го однела водата поради излевање на две реки, наведоа локалните власти.

Повеќе од еден милион луѓе во источна Африка беа погодени од поплави по силните дождови.