Папата Франциск денеска допатува во Јапонија каде ќе ги посети и Хирошима и Нагасаки во рамките на кампањата против нуклеарното оружје.
Папата ќе прочита порака против нуклеарното оружје во Нагасаки, а ќе се сретне и со преживеаните во нуклеарниот инцидент од 2011 година во Фукушима, најтешката нуклеарна катастрофа по онаа во Чернобил во 1986 година.
Станува збор за прва посета на папа на Јапонија по 38 години. Предвидено е папата Франциск да одржи две миси, една во Нагасаки и една во Токио, а ќе се сретне и со јапонските владини претставници, како и со царот Нарухито.