Денеска во Кристална сала на Собранието во 13 часот, Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ ја додели државната награда „22 Ноември“ за 2019 година, за признание кон луѓето од политичкиот, културниот и општествениот живот во Македонија, кои дале свој придонес во унапредувањето на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Македонија.
Добитници на наградата „22 Ноември“ за 2019 година се Давид Хосафлок, истражувач, историчар и хуманист и Кимет и Аднан Агаи, просветни работници.