Милијардерот Мајкл Блумберг, кој е поранeшен градоначалник на Њујорк, направи уште едeн чекор кон официјалната кандидатура за претседател на САД. Тој ја предаде пријавата до надлежната комисија за избори, а ќе се кандидира како демократ.
Откако формално ја поднесе кандидатурата, Блумберг може да почне да собира средства за претседателската кампања. Седумдесет и седумгодишниот Блумберг е еден од најбогатите Американци, а ќе биде во друштво на уште 20 кандидати од Демократската партија.
Негов советник Хауард Волфсон изјави дека поранешниот градоначалник е загрижен дека досегашните демократски кандидати не се доволно добро позиционирани за да можат во 2020 година да го победат Трамп.
Богатството на Блумберг се проценува на 54,3 милијарди долари.