Германската автомобилска компанија Фолксваген отвора три нови фабрики во Кина со локалниот партнер ФАВ Група, во рамки на напорите да ја зачува лидерската позиција на тој најголем светски пазар на автомобили.
Две нови фабрики ќе бидат отворени во Тјенџин и Фошан, се наведува во соопштението на Фолксваген.
Понатаму се додава дека уште една нова фабрика била отворена денеска во градот Чингдао, јави агенцијата Блумберг.