Текст од 1973 година, кој го има објавено британскиот „Сан“ како „туристички водич“ за момците што планираат да одат во летна инвазија на сончевите плажи низ Европа и светот, ја спомнува и Југославија, посебно Југословенките како девојки расположени за дружење.
Текстот е објавен со описи, оценки и совети за мажите, а во 1973 година го има преведено и тогашното списание „Чик“.
Југославија:
Турист во Југославија не мора да се плаши дека ќе биде осамен. Ако на Југословенките некој им се допаѓа, тие нема да речат „не“. Многу често девојките знаат да се впуштат во авантура и со постари странци.
Во Белград во сите киосци можете да купите еротски списанија. Девојките во Југославија не се плашат од последиците на љубовта. Абортусот е дозволен.
Девојките многу полесно се одлучуваат за абортус, отколку за секојдневно конзумирање апчиња за контрацепција.
Оценка: 9
Швајцарија:
Турист што сака да заведе девојка во Швајцарија ќе мора многу да се потруди. Тие се резервирани како англиски батлер. Ретко кога сами ќе го направат првиот чекор.
На последните избори, на кои жените првпат имаа право на глас, резултатите останаа исти – жените гласаа исто како и нивните мажи.
Оценка: 1
САД:
Земјата со неограничени можности на своите граѓани им наметнува многу ограничувања кога е во прашање сексот. Во земјата во која профитот од порно-индустријата изнесува 400 милиони долари годишно, а од еротските списанија 100, сексуалната нервоза постојано се зголемува.
И покрај фактот дека 82 отсто од Американците се против предбрачни односи, 60 отсто од мажите и 40 отсто од жените имаат предбрачни искуства.
Во големите градови, како што се Њујорк, Сан Франциско и Лос Анџелес, турист најдобро ќе си помине во „клубовите за немажени/неженети“, каде што се среќаваат осамените.
Оценка: 6
Австрија:
Во Австрија многумина водат љубов, меѓутоа тајно. Околу 38 отсто од 16-годишните девојки не се невини. Меѓутоа, Австријките не сакаат директно приоѓање. Турист ќе мора да се додворува неколку дена и да смисли некој посебен начин за освојување.
Може да ја изведе на некоја гала-вечера, да ја поведе на романтичен излет.
Оценка: 6
Шведска:
Секоја година туристите јурат кон темпераментните Швеѓанки. Меѓутоа, повеќето за брзо време се разочаруваат. Швеѓанките, според една анкета правена во списание за жени, ги игнорираат странците и секогаш даваат предност на свој сонародник.
Просечна Швеѓанка првото љубовно искуство го стекнува на 17 години. Меѓутоа, пред да стапи во интимни односи многу размислува, па повеќето девојки првпат ќе отидат в кревет со маж после повеќе од половина година познанство. 47 отсто од девојките ќе останат со тој маж после тој чин. 56 отсто од шведските девојки, исто така, сакаат први да преземат иницијатива.
Оценка: 4
Мароко:
Како ќе препознаете девојка што сака да флертува во Мароко? Едноставно: ќе барате девојка што оди сама и без марама. Девојките што ќе ги сретнете на улиците на Казабланка се покриени или имаат љубоморен маж.
Немојте погрешно да мислите дека топлото медитеранско сонце и егзотиката имаат влијание врз страстите. Мароко никако не е рај за туристите што бараат љубов.
Мароканките не сакаат никој да ги види со странци, затоа што ќе биде презрени и остро осудени.
Најдобро е времето да го минете со пријателите.
Оценка: 0
Грција:
Последниве неколку години Гркинките го променија својот однос кон љубовта и сексот. Денес тие знаат како да избегнат несакана бременост и околу 70 отсто од девојките, кои живеат во град, користат апчиња за контрацепција.
Се` повеќе девојки не обрнуваат внимание на конзервативниот став на мажите и во брак не влегуваат невини.
Многу хирурзи во Атина веќе се специјализирани за пластична операција на хименот.
Оценка: 7