Триесет и шестгодишен кумановец загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладнето на автопатот Куманово – Велес, на клучката „Петровец“.
Според информациите на полицијата, Д.Б.(36) од Куманово, со автомобил „опел корса“, со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Од здобиените повреди, тој починал на местото на несреќата.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.