Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала утринава ја погоди Албанија, а земјотресот бил почувствуван и во Скопје, Охрид, Струга, Битола, Ресен и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија во Скопје.
Потресот бил регистриран во 06 часот и 25 минути со епицентар 175 километри југозападно од Скопје, во соседна Албанија
Според досегашните податоци земјотресот во Охрид, Струга, Битола, Ресен и околината бил со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала. Во Скопје земјотресот беше почувствуван со интензитет од три степени според истата скала.