Роденденската прослава на „Нова Македонија“ ја збогатија учениците од основното училиште „Војдан Чернодрински“ со посета на редакцијата каде што добија подароци од Живко Поповски-Цветин и книги од серијалот „Најдобрата кинеска литература за деца“, кои на македонски јазик ги објави „Македоника литера“.
Учителката и учениците во својата обиколка се запознаа со вработените, процесот на создавање и работата на весникот, а потоа испеаја песна во чест на 75-тиот роденден на весникот.