Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва изјави дека во телефонски разговор со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган добил уверување дека ќе го почитува примирјето во Сирија, кое започна синоќа.
– Штотуку разговарав со Ердоган … Тој навистина сака примирјето или прекинот на огнот да функционира – објави Трамп на Твитер, додавајќи дека тоа го сакаат и сириските Курди.
Трамп посочи дека некои европски земји, без да прецизира кои, ќе можат да ги преземат џихадистите приведени во Сирија.
– Тоа е добра вест. Постигнат е голем напредок – додаде американскиот претседател.
Синоќа стапи на сила примирје за да можат Курдите да се повлечат од североисточна Сирија.