Со свечената церемонија на доделувањата на медалите на најдобрите во конкуренција на екипи, заврши вториот ден од Челенџ-пингпонгарскиот турнир во Скопје.
Во конкуренција на јуниорските екипи, најдобра беше екипата на Хрватска, која во финалето ја совлада Романија со 3-1. Бронзените медали заминаа кај Словачка и Тајван.
Кај јуниорките најдобри беа Романките, кои во финалето беа поуспешни од тимот на Србија, со 3-0. Третите места ги поделија екипите на Белгија и на Словачка.
Во кадетска конкуренција, кај момчињата, најуспешен беше мешаниот тим на Перу и Белгија, чии играчи ги надиграа Романците со 3-1. Бронзените медали ги освоија екипите на Словачка и Шпанија.
Кај девојчињата, пак, во кадетска конкуренција најуспешни се Романките, кои во финалето ја совладаа Белгија со 3-1. Бронза освоија Шведска и мешаниот тим на Словачка и Србија.