Турските безбедносни сили запленија еден тон и 261 килограми хашиш при операција во југоисточната област Дијарбекир, јави електронското издание на турскиот весник „Милиет“.
Акцијата била спроведена во областа на градовите Лиџе, Хазро и Коџакој.
При операцијата биле пронајдени и 50 килограми амониум нитрат кој се употребува за производство на експлозиви. Амониум нитратот бил скриен во две скривници и една пештера.
Во областа Дијарбекир се активни борците од Курдската работничка партија (ПКК), кои водат борба против турската држава од 1984 година. Еден од главните извори за финансирање на ПКК е трговијата со дрога, напоменува весникот.