Во тек е новиот бран светски протести против климатските промени, инспирирани од „Петоци за иднината“ на Грета Тунберг.
Илјадници студенти учествуваа на протестот за климатски промени во Хаг, Холандија. Климатски маршеви се планираат и во цела Европа.
Протестите овој петок ќе кулминираат со настанот во Монтреал, каде што треба да се обрати тинејџерката активистка Тунберг.
Студентите почнаа протести и на неколку локации во Нов Зеланд носејќи знаци со пораки, како: „Ние ги прескокнуваме предавањата за да можеме да ве научиме нешто“ и „Не можете да ги одминете климатските промени“.