Во текот на вчерашниот ден, на подрачјето на Скопје, полицијата презеде мерки и активности, при што констатирано е дека 32 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај е исклучен 21 возач од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 16 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца возачи – почетници кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП.
Исто така, исклучени од сообраќај се и четири возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четири возачи поради недавање на првенство на минување на возила во зона на крстосница, седум возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 22 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 23 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.
Во однос на пешаците, санкционирани се седум пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и еден пешак поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издаден е 61 мандатен платен налог и 50 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.