Лирен Динг – Александар Гришчук, Џефри Ксионг – Тимур Раџабов, Левон Аронијан – Максим Вашер Лаграв и Никита Витјугов – Јангуи Ју, се четврт-финалните двојки на Светскиот куп (СК) во рускиот град Канти Мансијск (128 шахисти, седум рунди), на кој што финалистите ќе се пласираат на Турнирот на кандидатите за предизвикувач на светскиот првак, Магнус Карлсен.
Ова е четврт СК на кој низа Французинот Максим Вашиер-Легрев е во осминафиналето. И двајцата финалисти од претходниот СК, Кинезот Динг и Ерменецот Аронијан уште се во игра. Во две четфрт-финални двојки се дуели помеѓу руски и кинески шахисти, а победникот од мечот Динг-Гришчук ќе игра со подобриот од Ју – Витјугов. САД имаат по еден претставник во четврт-финалето во низа, од Гата Камски (2013), Хикару Накамура (2015), Весли Со (2017) и сега Џефри Ксионг (18 год., рејтинг 2707), кој направи ново пријатно изненадување победувајќи го Полјакот Јан Криштов Дуда во најдолгиот осминафинален тајбрејк(4,5-3,5).
Осминафинални резултати
Динг (Кина) – Алексенко (Русија) 3-1, Ксионг (САД) – Дуда (Полска) 4,5-3,5, Лаграв (Франција) – Свидлер (Русија) 1,5-0,5, Ју (Кина) – Непомнијашчи (Русија) 1,5-0,5, Витјугов (Русија) – Со (САД) 1,5-0,5, Аронијан (Ерменија) – Ле (Виетнам) 3,5-2,5, Раџабов (Азербејџан) – Мамеѓаров (Азербејџан) 3,5-2,5, Гришчук (Русија) – Домингез (САД) 2,5-1,5. Г.И.