Претседателката на невладината организација Меѓународниот сојуз, Агапи Дика, предмалку пристигна во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, каде што е повикана на распит за случајот „Рекет“.
На распит, во обвинителството, вчера била и Јованка Кухар, финансиска раководителка и координаторка во Меѓународниот сојуз.
Бизнисменот Зоран Азманов исто така е повикан да даде исказ во обвинителството.
Бојан Јовановски, Зоран Милевски Кичеец и Катица Јанева се осомничени во случајот „Рекет“.