Поради посетата на висока делегација од Велика Британија, денеска МВР ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје.
За време на официјалната церемонија што ќе се одржи пред зградата на Владата околу 15:10 часот, сообраќајот пред зградата на Владата ќе биде целосно затворен и пренасочен по околните сообраќајници.
За сообраќај околу 17:00 часот ќе биде целосно затворена и ул. „11-ти Октомври“ на потегот пред Собранието, односно делница од ул. „Даме Груев“ до бул. „Кочо Рацин“, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.