Турција веќе не може да ги отвори границите во случај на нов бегалски бран што се заканува по нападите врз Идлиб во Сирија, предупреди турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.
-Турција веќе згрижи милиони сириски бегалци и на тој начин ја заштити цела Европа, изјави Ердоган.
Според него, Турција инсистира на тоа регионот источно од Еуфрат и ирачката граница да се исчисти од терористичката закана од Курдската работничка партија и Силите за заштита на народот. Рече и дека за него е неприфатливо САД да испраќаат илјадници шлепери помош и оружје во тој регион, што на крајот станува закана за Турција.
-Од САД очекуваме да бидат крај нас во борбата против тероризмот и инсистирањето да воспоставиме безбедносна зона за мигрантите, рече Ердоган.