Леон Хендрикс е еден од изведувачите што се најавени на „Блуз и соул“ фестивалот што ќе се одржи на 12 и 13 септември во „Станица 26“.

На 12 септември со почеток во 21 часот ќе настапат „Zippy Nappers“ и „Leon Hendrix & Fulvio Feliciano Band In Name Of Jimi”.

Леон Хендрикс е братот на покојниот гениј од Сиетл, икона на американскиот рок, Џими Хендрикс. Тој е уметник, текстописец и гитарист кој започна да се занимава со музиката малку подоцна во животот. Има издадено неколку албуми. Најдобро е познат по неговите оригинални илустрации. Во 2012 година ја издаде во печат својата книга насловена „A Brother’s Story“.

Моментално е на турнеја под наслов „Fulvio Feliçiano Band In Name Of Jimi”, за да ја свири музиката и да го пренесе искуството од животот покрај неговиот брат Џими.

На 13 септември со почеток 21 часот ќе настапат „Тörök Fehér Duó“ и македонските „The Mole Pack“.