Претседателот на Собранието, Талат Џафери го достави извештајот за разрешувањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева до претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања, Илија Димовски.
Димовски, според собраниската процедура, сега ќе треба да закаже седница на која ќе се одлучува за разрешувањето на Јанева.
По завршувањето на расправата на Комисијата, Џафери ќе треба да свика пленарна седница за разрешувањето на специјалната обвинителка.
Конечната одлука на пратениците, на крајот ќе треба да ја потврди Советот на обвинители.