Во селото Студеничани во вечерните часови на 1 септември се случил инцидент во кој возач на „голф 2“ со ретровизорот удрил во малолетничка по што побегнал.

Повреденото девојче се движело по улицата пред автомобилот да удри во неа, а настанот во полиција го пријавил татко ѝ.

Во врска со овој инцидент полицијата приведе 28-годишен скопјанец, против кого ќе биде поднесен соодветен поднесок по целосното документирање на случајот.