Тој по 11 извозени етапни трки на Џиро (крајот е на 27 мај во Рим) е 11-ти со заостанување од 2,27 минути зад лидерот на трката, сонародникот Сајмон Јејтс од Мичелтон-Скот
Британецот Крис Фрум, од тимот Скај, не се помирува со фактот дека нема реални шанси за триумф на годинашната велосипедска трка Џиро д’Италија и да биде првиот велосипедист со три победи едноподруго на трите најголеми светски грантур-трки, на францускиот Тур де Франс, на шпанската Вуелта лани и на Џиро годинава.
Фрум по 11 извозени етапни трки на Џиро (крајот е на 27 мај во Рим) е 11-ти со заостанување од 2,27 минути зад лидерот на трката, сонародникот Сајмон Јејтс од Мичелтон-Скот, односно 1,49 минута зад ланскиот победник Том Думулан.
– Разликата е преголема, а Јејтс е супериорен досега. Во моментот победата на оваа трка ми изгледа невозможна. Но секакви работи се случуваат, нѐ очекуваат неколку многу тешки етапи, како и хронометарската трка – вели Фрум (32), кој никогаш не победил на Џиро во кариерата.
Над Фрум, кој посакува да победи на Џиро и на Тур во една сезона, прв по Италијанецот Марко Пантанти во 1998 година, е надвисната сенката на сомнеж поради двојно поголемо количество лекови за астма од дозволеното во неговата урина на минатогодишната Вуелта.
– Секогаш доаѓав на Џиро со желба да се обидам да победам, а потоа тоа да го повторам на Тур. Не доаѓав во полна форма на стартот од трката, за да не се потрошам до јули и до Тур што им се случувало на некои велосипедисти во минатото. Падот пред почетокот на трката ме врати назад, потоа следуваше уште еден пад во осмата етапа, но јас не се откажувам ќе се натпреварувам до крајот – оптимист е Фрум.