По оградувањето на обвинителката Фатиме Фетаи, и обвинителката Лиле Стефанова се огради од Катица Јанева. Таа од самиот старт на случувањата поврзани со случајот „Рекет“ била воздржана, но смета дека не е битно дали се работи за колеги, туку најважно е да се расчисти случајот.
Сепак, дел од нивните јавни настани упатуваа на нивна блискост и добра соработка, а тие тврдеа дека функционираат одлично како тим. Јанева има изјавено дека има целосна доверба за работата на Стефанова во Јавното обвинителство.
Оградувањето и реакцијата на Стефанова доаѓа ден откако нејзината колешка Фетаи порача дека секој кој згрешил пред законот треба да одговара. Таа посочи дека работата на случаите во обвинителството продолжува, а доколку се докаже кривичната одговорност на Јанева, тоа не смее да влијае и да биде причина за престанок на работењето на Јавното обвинителство.