Пловниот нуклеарен реактор „Академик Ломоносов“ денеска ќе исплови од арктичкото пристаниште Мурманск на пат долг 5.000 километри до североисточен Сибир.
Нуклеарната агенција „Росатом“ соопшти дека реакторот е поедноставна алтернатива од изградба на конвенционална нуклеарна електрана на терен, кој е замрзнат цела година.
Екологистите предупредуваат од опасноста на пловниот нуклеарниот реактор нарекувајќи го „Чернобил на мраз“ и „нуклеарен Титаник“. Предвидено е патувањето да трае од четири до шест недели во зависност од временските услови, а кога ќе пристигне во градот Певек ќе ја замени локалната нуклеарна електрана.