Иран тестираше балистички проектил со среден дострел, објави телевизискиот канал Фокс њуз, цитирајќи неименуван висок функционер во американската администрација.
Тестирањето на балистичката ракета „Шахаб-3″ почнало во раните утрински часови на 25 јули од јужниот дел на Иран. Откако прелетала околу 960 километри северно од Иран, ракетата слетала во пустината недалеку од Техеран.
„Знаеме за тестирањето на проектилот што почна од Иран и во овој момент немаме дополнителни коментари”, рече високиот извор во администрацијата.
Известувањето за балистичките ракети доаѓа во пресрет на неодамна затегнатите односи меѓу Техеран и Западот.
Ситуацијата се влоши на 19 јули, кога Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), елитна воена сила на Исламската република, го заплени танкерот „Стена имперо“, кој плови под британско наме, во теснец от Ормуз за кршење на меѓународните поморски регулативи.
Според ИРГЦ, танкерот бил одведен до брегот за понатамошна истрага.