Силен земјотрес со јачина од 6,6 степени по Рихтер ја погоди денеска Јужна Калифорнија.
Земјотресот e со епицентар во близина на градот Риџкрест, на околу 320 километри североисточно од Лос Анџелес, објави Американскиот сеизмолошки институт, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.
АП објави дека засега нема податоци за штети или жртви.