Иран е подготвен да го принуди светот да зборува со Иранците само со почит и ако е потребно, Техеран ќе се соочи со сите што се сомневаат во последиците од своите дејства, предупреди денеска иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, пренесува „Брејтбарт“.
Неговата закана дојде откако Европа беше предупредена оти Техеран ќе го направи следниот чекор во зголемување на збогатувањето ураниумот оваа недела.
Зариф рече дека неодамнешниот трговски притисок на САД врз Иран не ја докажува моќта на Вашингтон или слабоста на Техеран, туку го рефлектира она што тој го нарекува „континуирани регионални и меѓународни порази” на САД.
– САД секој ден се поизолирани – изјави Зариф за ИСНА.
Зариф додаде дека Иран покажал оти на почитта возвраќа со почит, а му се спротивставува на притисокот, пред да нагласи што ќе се случи со која било земја што не го почитува Техеран.
– Како што покажавме досега, Иран е важен актер на меѓународно ниво и нема да дозволиме ниедна страна да разговара со иранската нација на друг начин освен со почит. Нема да потклекнеме под никаков притисок и нема да дозволиме никој да му се заканува на Иранецот – истакна тој.
Иранскиот претседател Хасан Рохани разговараше за понатамошно зголемување на притисокот врз европските партнери за спасување на нуклеарната спогодба од 2015 година по повлекувањето на САД од договорот договорен од Обама минатата година.
Иран неделава го надмина ограничувањето на залихите со ниско збогатен ураниум поставено со договорот и е подготвен да го зголеми своето збогатување на ураниумот поблиску до нивото на оружје ако Европа не понуди нов трговски договор.