Крадци успеале да влезат во вински подрум на луксузен ресторан во Париз и украле најмалку 150 шишиња висококвалитетно вино во вредност од стотина илјади евра, информираше француската полиција, а пренесе „Гардијан“.
Ресторанот има две ѕвезди од престижниот водич за храна Мишелин и е познат по широката и многу квалитетна понуда на вина, која вклучува шишиња од најелитните вински полиња во Франција.
Крадците го искористиле моментот на реновација на винскиот подрум, а според непотврдени информации украденото вино би можело да чини и до 600 илјади евра.
Француската полиција се соочи со сличен случај и во 2009 година, кога уапси 44-годишен маж под сомниение дека украј 500 шишиња вино во вредност од стотина илјади евра од некои од најдобрите ресторани во Париз.