На денешната седница Владата на Република Македонија ја усвои програмата за потребите од специјалистички и супспецијалистички кадар, согласно со мрежата на здравствени установи (2019-2022).
Како што информираат од владината прес-служба, за годинава одобрени се вкупно 346 специјализации, за 2020 година вкупно 241 специјализација, за 2021 година 184 специјализации и за 2022 година вкупно 160 специјализации.
Покрај специјализациите, Владата одобри и супспецијализации и тоа вкупно 69 супспецијализации за годинава, 24 за 2020 година, за 2021 година се одобрени вкупно 22 супспецијализации и 16 супспецијализации за 2022 година.