Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски и градоначалникот на општина Желино Блерим Сејдиу направија увид во изведувањето на градежните работи за водовод и резервоар за вода. Општина Желино е една од локалните самоуправи кои ги користат средства од Европската инвестициона банка преку Министерството за транспорт и врски за изградба на капитални инвестиции.

-Постојано ги повикуваме градоначалниците на општините да ги искоритиме преостанатите средства од Европската инвестицона банка од над 12 милиони евра се со цел да ги подобриме условите на сите граѓани. Работиме на тоа да имаме покриеност со водоводи и канализации на целата територија. Во моментов во 10 места во Македонија се спроведуваат вакви проекти во вредност 3,3 милиони евра. Исто така склучено има 10–тина договори за 4,4 милиони евра и уште 3,9 милиони вера или 8 проекти кои се во тендерска постапка. Во нареден период овие 30-тина проекти кои треба да се случат ќе направат зголемување на она што ќе значи подобрување на условите на овие луѓе кои живеат во општините –рече Сугаревски.

Со проектот за Желино сите 18 населени места ќе добијат водовод.

-Моментно цевководот е во трета фаза на изведба. Се прави главен цевковод за снабдување вода на сите 18 села. Од целата сума 150 илјади евра се на општината-рече градоначалникот Сејдиу.

Целокупниот износ за изведување на водоводот е 665 илјади евра.

А.С.