Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, денеска од Брисел порача дека останува цврсто на ставот оти Македонија треба заедно со Албанија да добие датум за почнување на преговорите во периодот јуни-јули.
Како што рече таа, ова ќе им го препорача на сите министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во текот на наредната недела.
-Република Северна Македонија е единствена во регионот што ги има затворено сите прашања со соседите, во која функционираат институциите и во која постои определба и волја и во која се работи на исполнување на реформските процеси- посочи високата претставничка на Европската Унија.