„Пејзажни знаци“ е тематската изложба од Давид Атанасоски, што ќе биде отворена вечерва од 19 часот во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“.

– Пејзажните знаци низ математика, геометрија и естетика се инспирација за создавање на едни ликовни дела материјализирани од отпадни хартии. Оваа ликовна инсталација од ѕидни објекти е генерирана од локалниот био-отпад, трансформиран во галерискиот простор – вели авторот.

Давид Атанасоски во 2018 година заврши Факултет за ликовни уметности во Скопје, отсек вајарство во класата на професор Исмет Рамиќевиќ, со конзервација и реставрација. Досега има реализирано повеќе групни изложби во родниот Прилеп, во Скопје и на почетокот од годинава во Њујорк.

Ka.M.