Стејт департментот отсега ќе им налага на подносителите на барања за американска виза, да ги предадат и нивните кориснички имиња на социјалните мрежи, старите имеил адреси и телефонските броеви.
Медиумите пренесуваат дека новите правила се однесуваат на речиси сите барања за добивање на имигрантска или неимигрантска виза.
– Националната безбедност е нашиот приоритет кога одлучуваме по барањата за визите и секој потенцијален патник и имигрант во САД поминува низ детална безбедносна проверка – се наведува во соопштението на Стејт департментот.
Се истакнува дека постојано се работи на изнаоѓање на механизми за подобрување на процесот на проверка, со цел да се заштитат американските граѓани.
Претходно, корисничките имиња на социјалните мрежи, старите е-мејл адреси и телефонските броеви беа барани исклучиво за подносителите кај коишто било утврдено дека мораат да поминат низ дополнителна проверка, како што се лица кои патувале во области под контрола на терористички организации.
Како што наведе „АП“ се проценува дека годишно има околу 65.000 баратели на азил, кои припаѓале под оваа категорија.