Полициските акции во повеќе медиумски организации кои се случија оваа недела во Австралија, предизвикаа големи негодувања во јавноста во земјата, но и на глобално ниво. Со зголемувањето на притисокот врз медиумите во целиот свет, тие се потсетување дека и во либералните демократии исто како и кај диктатурите, работата на новинарите може да биде загрозена, пишува во едиторијалот на реномираниот британски весник „Гардијан“.
Во вторникот, австралиската федерална полиција го пребара домот на главен и одговорен уредник на една новинска корпорација, која пренесе дека националната агенција за надзор има за цел да ги зголеми своите моќи и да ги шпионира Австралијците без нивно знаење. Еден ден подоцна, тие спроведоа акција во националната телевизија Еј-би-си поради известувањето за тајните операции на специјалните сили во Авганистан, вклучувајќи и за инциденти во кој трупите убиле невооружени луѓе и деца.
Двете акции се поврзани со приказни кои се појавија пред повеќе од една година. Јасно е дека тие се од јавен интерес и се однесуваат на наводи за објавување на класифициран материјал, спротивно на кривичниот закон на земјата. Полицијата во Австралија вели дека такви објави би можело да ја загрозат националната безбедност на земјата.
– Информирањето на луѓето за тоа што прави владата во нивно име, не е само привилегија на новинарите, туку и нивна задача. Националниот интерес не е загрозен со известување за чекорите на властите и инстутициите. Она што владата не може да го преживее е ерозијата на одговорноста. Полициските акции како онаа минатата недела несомнено имаат застрашувачки ефект, не само за репортерите, исто така и за потенцијалните сврикачи – констатираат од „Гардијан“.
Се смета дека заканите врз слободното новинарство е природно за земјте каде новинарите се прогонувани, напаѓани, па дури и убивани за предизвикувањ на власите. Сепак, „Фридом хаус“ оваа недела предупреди дека некои од највлијателните демократии во светот имале суптилни обиди за задушување на независноста на медиумите, преку со средства како принудни промени на раководствата и јавни деноминации преку преферирање и достапност на информации до медиуми блиски со нив. Ваквите чекори не се штетни само за квалитетот на медумите, туку и за самата демократија, констатираат од британскиот медиум.
Во извештајот на „Фридом хаус“ исто така пишува дека нападите на американскиот претседател Доналд Трамп врз домашните медиуми ги направи новинарите во другите земји поранливи, поради фактот што тие имаат мала причини да веруваат дека ќе добијат поддршка од Вашингтон доколку нивните права се повредени. Пошироката прака е дека другите земји гледаат како постапуваат лидерите на големите земји и меѓународните играчи. Полициските акции врз медумиските организации кои пишуваат за важни и серозни прашања од јавен интерес никогаш не треба да се видат како вообичаена работа на полицијата, завршуваат од „Гардијан“.