Фото: МИА

Мајка и тригодишно дете се повредени во пожар во Скопје. Како што информира полицијата, вчера во 9.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Христо Смирненски“ избувнал пожар во стан во кој престојувала В.С. (43).

-Во моментот кога избил пожарот во станот се ноѓале Д.В.(31) од Радовиш и нејзиното тригодишно дете кои се здобиле со полесни изгореници и вдишале чад поради што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош- наведува МВР во дневниот билтен.

Пожарот бил целосно изгаснат околу 10.20 часот од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид ќе се врши во текот на денот.