Виолинистката Ванеса Меј на 12 јули ќе го отвори 59-то издание на Охридско лето во Античкиот театар. На настапот ќе ја придружуваат солисти од Македонската опера и балет и Оркестарот на Македонската филхармонија, под диригентската палка на Иван Кожухаров од Бугарија.
Драмската програма на фестивалот ќе биде посветена на Горан Стефановски. Исто така, во главната улога на претставата „Иванов“ на Народниот театар од Белград, ќе го видиме и Никола Ристановски.