Најдобриот светски тенисер во моментов, Србинот Новак Ѓоковиќ изјави дека сите луѓе во регионот ги гледа исто и сака да придонесе за потитивна енергија и взаемна поддршка со сите. Тенисерот на фудбалскиот Мундијал минатата година во Русија по испаѓањето на Србија и даде поддршка на Хрватска да стигне до финалето на СП.
-На сите во регионот гледам исто. И затоа се трудам секогаш да бидам отворен, љубезен, пристоен. Знам дека воените рани се свежи, ги разбирам луѓето кои немаат ист став со мене за соседите, моето семејство и јас не бевме оштетени од војната и знам дека не може да се очекува човек да заборави нешто, но може да се прости. Јас тоа се обидувам да го преточам преку своите акции и дела-рече Ѓоковиќ за хрватските медиуми.
Тој вели дека дел од медиумите во Србија го осудуваат за неговите постапки поврзани со Хрватска и нејзините спортисти.
-Таквите работи свесно ги правам затоа што со својот углед, статус и име можам да допринесам за взаемна поддршка. Хрватите ги осеќам како мои. Знам дека тоа некому ќе му пречи, почитувам, но се надевам и дека други го почитуваат мојот избор– смета Ѓоковиќ.